Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.
Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси.
Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците, порачаа занаетчиите.
Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите што работат во помалите градови и руралните средини, каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги.
„За да опстанат и да ја зачуваат ликвидноста, занаетчиите ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што дополнително ќе ја намали побарувачката и ќе доведе до затворање голем број занаетчиски бизниси“, рече на прес-конференција претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Горан Ристовски.
Како што истакна Ристовски, зголемувањето на минималната плата на 600 евра директно ќе ги засегне занаетчиите што паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчиите што плаќаат данок по реално остварен приход.
Слични новости
СДСМ продолжува да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за местенка со Артан Груби
Од СДСМ обвинуваат дека случајот со враќањето на Артан Груби е дел од „однапред смислено сценарио и политички дил“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е стабилна и безбедна заклучено на седницата на Советот за безбедност
Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања
Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата.


