Испораките на руски гас преку Турскиот тек за Европа се зголемени за 26,7 отсто во однос на јануари минатата година и достигнаа рекордни вредности, покажуваат податоците на Европската мрежа на оператори на гасни системи.

Во јануари преку гасната станица „Странџа 2 – Малкочлар“ лоцирана на турско-бугарската граница поминале 1,56 милијарди кубни метри гас или во просек по 50,3 милиони кубни метри дневно.

Тоа е за 26,7 отсто повеќе од истиот период во 2024 година, кога низ таа станица поминале вкупно 1,23 милијарди кубни метри гас или во просек 39,7 милиони кубни метри дневно.

Договорот за испорака на руски гас за Европа преку Украина истече на 31 декември, а Киев ја отфрли можноста за продолжување на договорот дури и ако трета земја го купи гасот пред тој да влезе на украинска територија.

Во моментов, единствениот начин на кој рускиот гас може да стигне до Европа е преку таканаречениот Балкански тек, кој е поврзан со Турскиот тек.

Низ оваа рута годишно минуваат вкупно околу 14-15 милијарди кубни метри гас кои се транспортираат во Романија, Грција, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

 

Слични новости

Поскапува парното за 5,03 проценти

Поскапува парното за 5,03 проценти

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски

Continental го намалува производството во Германија

Continental го намалува производството во Германија

Добавувачот на автоделови „Continental“ објави дека ќе го намали производството во својата матична земја Германија со затворање четири фабрики и преместување на една производна линија во Чешка поради слабата побарувачка