Испораките на руски гас преку Турскиот тек за Европа се зголемени за 26,7 отсто во однос на јануари минатата година и достигнаа рекордни вредности, покажуваат податоците на Европската мрежа на оператори на гасни системи.
Во јануари преку гасната станица „Странџа 2 – Малкочлар“ лоцирана на турско-бугарската граница поминале 1,56 милијарди кубни метри гас или во просек по 50,3 милиони кубни метри дневно.
Тоа е за 26,7 отсто повеќе од истиот период во 2024 година, кога низ таа станица поминале вкупно 1,23 милијарди кубни метри гас или во просек 39,7 милиони кубни метри дневно.
Договорот за испорака на руски гас за Европа преку Украина истече на 31 декември, а Киев ја отфрли можноста за продолжување на договорот дури и ако трета земја го купи гасот пред тој да влезе на украинска територија.
Во моментов, единствениот начин на кој рускиот гас може да стигне до Европа е преку таканаречениот Балкански тек, кој е поврзан со Турскиот тек.
Низ оваа рута годишно минуваат вкупно околу 14-15 милијарди кубни метри гас кои се транспортираат во Романија, Грција, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Унгарија.
Слични новости
Доларот зајакна минатата седмица, еврото падна по намалувањето на каматните стапки на ЕСВ
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата седмица бидејќи централната банка на САД ги остави каматните стапки непроменети, додека еврото ослабе откако Европската централна банка дополнително ги намали каматните стапки
Волстрит падна минатата седмица, европските берзи пораснаа
Цените на акциите паднаа на Волстрит минатата седмица, најмногу во технолошкиот сектор, додека на европските берзи пораснаа откако Европската централна банка (ЕСВ) дополнително ги намали каматните стапки
Инфлацијата во Германија ослабе на почетокот на 2025.
Инфлацијата во Германија ослабела во јануари, со значително поблаг раст на цените на храната, покажаа во петокот објавените прелиминарни пресметки на заводот за статистика