109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со Канцеларијата на претседателот на Владата ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, соопшти владината прес-служба.

„Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја. Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства“, се додава.

„Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга“, велат од Владата.

Лекарски тим од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.

Водено, Владата ги повикува и охрабрува сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

„Владата е целосно отворена за соработка“, потенцираат од Влада.

globe

Слични новости

Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската унија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиното обраќање на собирот во Тирана

Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел

Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите

Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите

Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите