Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина, велејќи дека има „добри шанси“ за договор.

Зборувајќи во авионот „Air Force One“, Трамп рече дека Украина има „сериозни проблеми“ и дека скандалот со корупција во земјата „не помага“.

Претседателот не одговори на новинарско прашање дали скандалот ќе ги попречи мировните преговори, но кратко потоа додаде: „Мислам дека има добри шанси да постигнеме договор“.

Трамп го повтори своето верување дека и Русија и Украина сакаат крај на војната.

Тој потврди дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва оваа седмица, но не даде точен датум за состанокот.

Виткоф, државниот секретар Марко Рубио и други американски претставници се сретнаа со украинска делегација во американската држава Флорида порано во неделата за да разговараат за можен мировен план.

Американскиот план од 28 точки за ставање крај на конфликтот во Украина неодамна беше објавен, но критичарите на Трамп, западноевропските челници и Киев го критикуваа како „руска листа на желби“. Москва го оцени како добра основа за почеток на разговори за постигнување траен мира и критичарите на првиониот план ги означија како застапници на продолжување на војната.

Европејците и Украинците подоцна го ревидираа планот со претставници на САД, иако некои за нив спорни точки остануваат.

Украинските антикорупциски агенции, кои Зеленски се обиде да ги стави под своја контрола но законот што експресно го потпиша исто така брзо го поништи под притисок на западните сојузници, открија претходно во ноември дека истражуваат скандал со корупција од стотици милиони долари при махинација со помошта што Киев ја добива за обнова на својот енергетски сектор.

Министерката за енергетика Свитлана Гринчук и нејзиниот претходник Херман Халушченко, кој стана шеф на Министерството за правда, последователно поднесоа оставки, а неколку лица беа уапсени.

Главниот осомничен, Тимур Миндич, близок пријател и деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски, избега од земјата и по него наводно се трага.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе