„Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло-2800 и нерегистриран автомобил -1000.

Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата“, информираат од МВР.

Камерите го снимаат прекршокот, а системот го пишува во записник кој по електронска пошта веднаш се испраќа на адреса и преку СМС на сопственикот на возилото кое направило прекршок.

Во текон на месецов возачите кои направиле прекршок ќе минуваат само со опомени, а од Нова година за прекршоците ќе се плаќаат и казни.

Казните ќе се пишуваат на сопствениците на возилото, а доколку друг возач го направил прекршокот, тоа треба да се пријави во рок од 8 дена. Односно сопстгвеникот треба да го донесе возачот кој го сторил прекршокот во надлежната полициска единица.

Слични новости

Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка

Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка

Партиската чистка на раководството и Извршниот одбор нема да ја зафати и пратеничката група на СДСМ. Филипче нема да бара враќање на пратеничките мандати, затоа што смета дека тие се искусни професионалци кои се добар репрезент на партијата во Собранието.