Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на панелот „Проширување на Европската унија“ на безбедносната конференција во Минхен, рече дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“.
Рама оцени дека изборот на Трамп треба да послужи за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и да не биде „толку самореферентна“.

„Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и Европа мора прво да престане да биде толку самореферентна. Се согласувам со Марта дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба да останат такви, но не треба да бидат услови за да се има пријатели на овој свет. Мора да научиме да бидеме пријатели со другите, иако тие имаат различни вредности, различни мислења за тоа како треба да се живее животот“, рече Рама.
Додаде дека Европа треба да размислува и за моќ и за конкурентност, зашто „ако не можеме економски да се натпреваруваме, ништо друго нема да можеме да направиме“, заклучувајќи дека „во овој момент Западен Балкан е почва на можности“.
Во однос на сѐ позачестените информации дека во Албанија ќе се населуваат Палестинци, тој рече дека „американската влада сè уште нема поднесено никакво барање за засолнување на палестинските бегалци во Албанија, но одговорот сепак ќе биде „Не!“.
Слични новости
Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година
Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.
Црногорските студенти упатија барања до премиерот на јапонски јазик
Црногорските студенти, кои бараат смени на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски
Снегот во Турција го парализира сообраќајот
Поради обилните врнежи од снег кои трет ден ја зафатија Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност.