Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на панелот „Проширување на Европската унија“ на безбедносната конференција во Минхен, рече дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“.

Рама оцени дека изборот на Трамп треба да послужи за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и да не биде „толку самореферентна“.

„Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и Европа мора прво да престане да биде толку самореферентна. Се согласувам со Марта дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба да останат такви, но не треба да бидат услови за да се има пријатели на овој свет. Мора да научиме да бидеме пријатели со другите, иако тие имаат различни вредности, различни мислења за тоа како треба да се живее животот“, рече Рама.

Додаде дека Европа треба да размислува и за моќ и за конкурентност, зашто „ако не можеме економски да се натпреваруваме, ништо друго нема да можеме да направиме“, заклучувајќи дека „во овој момент Западен Балкан е почва на можности“.

Во однос на сѐ позачестените информации дека во Албанија ќе се населуваат Палестинци, тој рече дека „американската влада сè уште нема поднесено никакво барање за засолнување на палестинските бегалци во Албанија, но одговорот сепак ќе биде „Не!“.

globe

Слични новости

БиХ: Се вжештува атмосферата во исчекување на пресудата за Додик

БиХ: Се вжештува атмосферата во исчекување на пресудата за Додик

Босна и Херцеговина го исчекува објавувањето на пресудата оваа седмица од судскиот процсез на политичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, кој ветува „одговор“ и предизвикува страв од ескалација три децении по војната

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица

Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии