300 милиони денари, односно скоро 5 милиони евра, потрошила Државната лотарија за спонзорирање на прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија. Приватни фирми дале уште 40 милиони денари за спонзорирање на настаните.
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.
Директорот на Лотарија вели дека откако биле задолжени од Владата да ја спонзорираат прославата ја почнале постапката, објавиле јавен повик за избор на понудувач на кој се јавиле само Авалон, преку нивната фирма Стардаст, со која склучиле договор за спонзорство од 300 милиони денари. Авалон има рок до 30 септември да даде отчет за потрошените пари.
Слични новости
Мицкоски: Писмениот правосуден испит на јазикот на кој е завршено образованието, усниот на македонски јазик
Премиерот денеска нагласи дека никој не го спори правото високото образование да се заврши на мајчин јазик и додаде дека на правните факултети, студиите можат да се завршат на три јазици различни од македонскиот јазик. Но кога се зборува за правосуниот систем има принцип на „франка линва“.
Кривична пријава против Јани Макрадули-како генерален директор на „Пошти“
Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.
МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова
„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.


