Според и нформациите од Министерството за здравство во земјата во моментов има 43 случаи на заразено со вирусот Западен Нил, од кои 40 се потврдени, а три се уште се проверуваат.
За првпат се регистрирани случаи во скопските општини Центар и Чаир.
Здравствените власти информираат дека кај мртов гавран бил пронајден вирусот Западен Нил.
Сите општини добиле задачи теренски да ја проверат состојбата и се врши геомапирање на високоризични места, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
Слични новости
Ново рочиште за „Државна лотарија“
Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.
Продолжува судењето за трагедијата во Кочани
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.
Виш обвинител од Битола осомничен за примање поткуп
Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази.


