Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

 Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години, а се сомничат дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

 Демократската унија за интеграција, пак, од чии редови е еден од осомничените, поранешниот министер за економија Крешпник Бектеши, кому му е определен 30-дневен притвор, во реакција оцени дека процесот е неоснован, политички мотивиран и селективен.

 

Слични новости

Сиљановска Давкова: Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, од градинка да учиме како да се однесуваме во катастрофи

Сиљановска Давкова: Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, од градинка да учиме како да се однесуваме во катастрофи

Мојата порака е да ја санционираме неодговорноста секогаш кога треба, да ги инспирираме младите, да ги задржиме, да возвратиме на помошта со помош, да изградиме подобар свет и дома и во соседството и надвор., рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.

Мисајловски – Хејбет: Македонско-турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво

Мисајловски – Хејбет: Македонско-турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво

-Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ за вашата несебична поддршка во згрижувањето на дел од повредените во пожарот во Кочани. Ако пријателите се покажуваат во мака, и двете земји покажаа дека стојат една зад друга секогаш кога има потреба за тоа, рекол министерот на средбата