Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години, а се сомничат дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Демократската унија за интеграција, пак, од чии редови е еден од осомничените, поранешниот министер за економија Крешпник Бектеши, кому му е определен 30-дневен притвор, во реакција оцени дека процесот е неоснован, политички мотивиран и селективен.
Слични новости
Јаневска: Сто итриест психолози достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани
Сто и триест психолози се на располагање за психолошка поддршка на учениците, студентите и на граѓаните во општините во Брегалничкиот регион, каде што има починати ученици и блиски во семејствата, како и повредени кои се наоѓаат на лекување, по големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Претреси и други дејствија во рамки на истрагата за пожарот во Кочани
Истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.
Белата куќа очекува позитивно соопштение од преговорите за Украина
Преговорите предводени од САД во саудиската престолнина Ријад со делегациите од Украина и од Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение