Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години, а се сомничат дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Демократската унија за интеграција, пак, од чии редови е еден од осомничените, поранешниот министер за економија Крешпник Бектеши, кому му е определен 30-дневен притвор, во реакција оцени дека процесот е неоснован, политички мотивиран и селективен.
Слични новости
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнати се вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани.
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна – порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи.