Советот на јавни обвинители на следната седница ќе одлучува за оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева, која поднела барање да биде ослободена од обврската да биде в.д. раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Таа оставката ја испратила вчера до Вишото скопско јавно обвинителство. Во неа навела дека причината е што е избрана во Вишото обвинителство пред неколку месеци и сака да се фокусира на работење на предмети.

Крстевска Цалева беше избрана пред 7 дена за в.д. раководител, на местото на Мустафа Хајрулахи, кој е суспендиран од работното место, а на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Изборот на Цалева е законски спорен, а тој наведен како една од причините за постапката за разрешување на обвинителот Коцевски, што ја иницираше Владата.

Коцевски денеска рече дека е запознаен со барањето на обвинителката Крстевска Цалева за повлекување. Тој не сакаше да коментира дали пресвртот во Вишото ЈО Скопје се случи поради постапката за негово разрешување. Рече дека  ја предложил Наташа Крстевска Цалева за времен раководител на Вишото јавно обвинителство затоа што е последен избран виш обвинител и не била дел од нарушените односи во Обвинителството.

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска рече дека одлуката ќе биде донесена на наредната седница. Таа не прецизираше кој обвинител дотогаш ќе раководи со Вишото скопско обвинителство.

globe

Слични новости

Уставен суд: Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии

Уставен суд: Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии

Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд, стои во ставот од Уставен.

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март

Судењето за убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесетгодишниот велешанец Панче Жежовски продолжува во понеделник откако денеска во Основен кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите