Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги окарактеризира условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за да се согласи за прекин на огнот како „манипулација“.
„Путин не се осмелува отворено да му каже на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја продолжи војната“, рече Зеленски во вечерната видео порака.

„И затоа во Москва ја поврзуваат идејата за прекин на огнот со такви услови што ништо не може да излезе од тоа воопшто или ништо не може да се постигне што е можно подолго“, тврди Зеленски.
Украинскиот челник рече дека тоа е трик на Путин, кој – тврди Зеленски – ќе направи сѐ за да го одложи или спречи неговото практично спроведување наместо да каже јасно „не“.
На прес-конференција Путин постави услови Москва да се согласи на прекин на огнот во војната во Украина и изрази сомневање дека таков прекин на огнот може да се следи.
Зеленски, од друга страна, ја повтори подготвеноста на Украина привремено да ги прекине борбите.
„Киев го прифати предлогот за прекин на огнот бидејќи САД изразија подготвеност да го надгледуваат. Со можностите на Соединетите држави, ова беше реална можност“, тврди Зеленски.
Слични новости
Германија: Демохристијаните и социјалдемократите официјално ги започнаа коалициските преговори
Демохристијаните од Унијата CDU/CSU и Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во четвртокот во Берлин официјално ги започнаа преговорите за формирање коалициска влада
Путин го поддржува предлогот на САД за Украина, но вели дека треба да се разговара за деталите
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека Русија се согласува со предлозите на Соединетите држави за прекин на огнот во Украина, но нагласи дека треба да се отстранат основните причини за конфликтот и да се разјаснат многу детали
Ереван и Баку се договорија за мировен договор по речиси четири децении конфликт
Ерменските и азербејџанските власти во четвртокот соопштија дека се договориле за текстот на мировниот договор за ставање крај на речиси четиридеценискиот конфликт меѓу земјите од јужен Кавка