Жителите на Санторини и околните грчки острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека, пак, за 15 дена во морето меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси.
Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија Антена утрото во четвртокот посочи дека не треба да залажува синоќешната блага сеизмичка активност, „бидејќи земјотресите ќе продолжат уште долго и ќе имаме земјотреси над 5 степени според Рихтер“.

Грчките сеизмолози изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со седмици, па дури и месеци, а категорично ја отфрлаат можноста за активирање на вулканот кај Санторини.
Според податоците од Интердисциплинарниот комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26. јануари заклучно со 10. февруари, биле регистрирани над 15.300 земјотреси, од кои над 13.200 биле посилни од 1 степен.
Во понеделникот, на 10. февруари имало над 1.200 земјотреси, од кои повеќе од 240 биле посилни од 2,5 степени.
Имајќи предвид дека земјотресите интензивно се чувствуваат и на Аморгос што е во близина на епицентарот, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на островот е прогласена вонредна состојба, нешто што беше одлучено и за Санторини минатата седмица.
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени.
Слични новости
Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година
Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.
Црногорските студенти упатија барања до премиерот на јапонски јазик
Црногорските студенти, кои бараат смени на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски
Снегот во Турција го парализира сообраќајот
Поради обилните врнежи од снег кои трет ден ја зафатија Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност.