На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (SPAK) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен во понеделникот попладнето, му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Ѕоѕа, во отсуство ѝ е одреден куќен притвор.
Ѕоѕа веќе два дена е во странство, поточно во италијанската престолнина Рим.

Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана. Истрага е почната и против пратеничката К.Б. дела кои го спречуваат дознавањето на вистината, се наведува во соопштението на SPAK.
Со одлука на судот на сите лица опфатени во ова досие привремено им е конфискуван недвижен имот, вили, станови, а на сопругата на Велиај, Ѕоѕа и граѓанска организација преку која и биле префрлувани пари, блокирани се средства од околу 900.000 евра во две банки.
SPAK против Велиај водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.
На 6. декември, по налог на Специјалниот суд беше извршен претрес во домот на Велиај, во неговите службени канцеларии, како и работните простории на неговата сопруга, на која и беше земен и мобилниот телефон.
Велиај на распит во СПАК беше неколкупати, а денеска е уапсен во неговиот кабинет.

Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него