Во просториите на Агенцијата за национална безбедност се одржа средба помеѓу директорот на АНБ, Бојан Христовски и директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО, Гејлен Нејс во знак на силната и континуирана посветеност кон зајакнување на соработката и унапредување на партнерските односи во рамки на Алијансата.
Како што соопштија од АНБ на средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на тековните активности за модернизација и дигитализација на Агенцијата во согласност со НАТО стандардите. Беше разговарано и за потребата од адаптација на националните безбедносни капацитети на новите глобални безбедносни предизвици, особено во контекст на брзиот технолошки развој и искуствата стекнати од современите безбедносни кризи.
Двете страни ја потврдија определбата за продлабочување на соработката и координацијата во насока на унапредување на заедничките капацитети и зголемување на оперативната подготвеност. Покрај тоа, беше заклучено дека единството на Алијансата претставува нејзино најсилно оружје, а стабилна и силна Алијанса е гаранција за безбедноста и стабилноста на сите нејзини членки и нивните граѓани.
Посебно беше нагласена важноста на размената на информации, стратешката доверба и заедничкото планирање на безбедносните активности, како предуслов за ефективно справување со современите безбедносни ризици. Во таа насока, Агенцијата за национална безбедност ќе продолжи активно да придонесува кон напорите на НАТО за унапредување на безбедносната архитектура и заштита на демократските вредности, соопшти Агенцијата за национална безбедност.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


