Филмот „Големото храбро прекрасно патување“ на јужнокорејскиот режисер Когонада имаше затворена проекција во Лас Вегас. Когонада на проекцијата емитуваше ексклузивни снимки од филмот чија премиера е закажана за 19 септември.

Режисерот рече дека станува збор за оригинален, изненадувачки и романтичен филм, за двајца луѓе кои треба да се оттргнат од нивното минато и да уживаат во сегашноста. Тој рече и дека големите ѕвезди Колин Фарел и Маргот Роби кои имаа номинации за Оскар блексаат заедно на големото платно.

Продуценти на филмот се Дан Фридкин, Бредли Томас, Сет Рајс и Јури Хенлин, а сценариото за филмот го напиша Сет Рајс кој беше сценарист на филмот „Менито“.

Слични новости

Ќе се снима продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“

Ќе се снима продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“

Американските медиуми јавуваат дека е договорено да се снима продолжение на хитот „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино. Режисер на продолжението, кое е најавено како „дериват“ од првиот филм е Дејвид Финчер, а Тарантино кој нема да биде режисер на филмот е автор на сценариото.

Почина Вал Килмер, брилијантна и потценета филмска ѕвезда

Почина Вал Килмер, брилијантна и потценета филмска ѕвезда

Американскиот актер Вал Килмер, кој почина во средата на 65-годишна возраст, често беше потценет и покрај неговата извонредна актерска палета – тој беше одличен во комедии, вестерни, криминални драми, музички биографии и акциони-авантуристички филмови