Суперѕвездата Тејлор Свифт најави дека на 12-ти декември Disney+ премиерно ќе го прикаже концертниот филм и документарната серија која во шест продолженија ја следи нејзината рекордна турнеја наречена „Eras Tour“.

Disney+ го проширува своето партнерство со Свифт, потпирајќи се на нејзината огромна глобална база обожаватели и ексклузивните музички содржини за да привлече нови претплатници во сè поконкурентниот медиумски пејзаж.

Во најава на платформата X, Свифт откри дека филмот „The Eras Tour: The Final Show“ ќе го прикаже целиот нејзин последен настап од Ванкувер, вклучувајќи изведба на песни од нејзиниот албум „The Tortured Poets Department“.

Disney+, исто така, ќе ја претстави и документарната серија од шест дела наречена „The End of an Era“, која ќе го донесе погледот од зад кулисите на периодот којшто самата Свифт го опиша како „најважното и најинтензивно поглавје“ од нејзината кариера. Серијата ќе се емитува во блокови од две епизоди на 12., 19. и 26. декември.

Турнејата „Eras“, која започна во март 2023 година, стана турнејата со најголема заработка во историјата, со заработка од повеќе од 2 милијарди долари од продажба на влезниците.

Претходниот филм, „Taylor Swift: The Eras Tour“, кој ја имаше премиерата во кино-салите минатата година, стана најуспешниот концертен филм на сите времиња.

Свифт освои 14 Греми награди, вклучувајќи рекордни четири за албум на годината.

Нејзиниот последен албум под наслов „The Life of a Showgirl“, забележа најголема продажба во првата седмица од издавањето во модерната музичка историја, според Billboard и Luminate.

globe

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година