Магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од 8 часот и 30 минути утринава е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово.
Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата.
Засега нема дополнителни информации за каков вид сообраќајна несреќа точно станува збор а се очекуваат по завршување на увидот.
Слични новости
За само 12 часа од пробното функционирање на Сејф сити се регистрирани неверојатни 65 илјади прекршоци
Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло-2800 и нерегистриран автомобил -1000.
Освен линеарно покачување на пензиите, пензионерите бараат и К-15
Пензионерите од целата држава денеска на протест пред Уставниот суд во Скопје го изразија својот револт од најавеното укинување на линеарното покачување на пензиите
Стартува „Сејф сити“, камерите автоматски ќе ги бележат сообраќајните прекршоци
Системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“, почнува со работа денеска. До Нова година е пробниот период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни


