Магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од 8 часот и 30 минути утринава е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово.

Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата.

Засега нема дополнителни информации за каков вид сообраќајна несреќа точно станува збор а се очекуваат по завршување на увидот.

 

Слични новости

Стартува „Сејф сити“, камерите автоматски ќе ги бележат сообраќајните прекршоци

Стартува „Сејф сити“, камерите автоматски ќе ги бележат сообраќајните прекршоци

Системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“, почнува со работа денеска. До Нова година е пробниот период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни