Владата ќе побара директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, да си замине од функцијата, доколку не го повлече својот став за Ратко Младиќ, откако неговата објава на социјалните мрежи предизвика остри реакции во јавноста.
Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.
„Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува“ – соопштија од Владата.
Китановиќ не одговори дали ќе се повлече од Владата или од ставот за Младиќ.
Слични новости
ВМРО ДПМНЕ жестоко реагираше на одлуката на Врховниот суд со која се укинаа пресудите за поранешните директори на болницата во тетово
Врховниот суд на Африм Фидани, диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница. Каков срам за правосудството во Македонија“ – рече Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ
АЛТА банка Битола соопшти дека е ликвидна и работи во вообичаен режим
АЛТА банка АД Битола информира дека е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење, во услови на актуелните случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија.
Полицијата спроведува обемна акција за сузбивање финансиски криминал во здравството
Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.


