Владата ќе побара директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, да си замине од функцијата, доколку не го повлече својот став за Ратко Младиќ, откако неговата објава на социјалните мрежи предизвика остри реакции во јавноста.

Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.

„Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува“ – соопштија од Владата.

 Китановиќ не одговори дали ќе се повлече од Владата или од ставот за Младиќ.

 

Слични новости

Евростат: Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ си заминуваат на 26,3 години

Евростат: Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ си заминуваат на 26,3 години

Податоците на „Евростат“ покажуваат дека младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години.

Остри критики на адреса на Фондот по одлуката за проверка на боледувањата

Остри критики на адреса на Фондот по одлуката за проверка на боледувањата

Дел од лекарската фела со остри критики на адреса на Фондот, по најавите за намалување на деновите за боледување од 7 на 5. Велат, времетраењето треба да го диктира дијгнозата, а не административни протоколи.