Владата ќе побара директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, да си замине од функцијата, доколку не го повлече својот став за Ратко Младиќ, откако неговата објава на социјалните мрежи предизвика остри реакции во јавноста.
Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.
„Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува“ – соопштија од Владата.
Китановиќ не одговори дали ќе се повлече од Владата или од ставот за Младиќ.
Слични новости
Јотова: Секогаш сме отворени за разговори со Македонија, но без ултиматуми
Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија не оди преку ултиматуми и ветувања, потребен е искрен дијалог. Ова го изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова коментирајќи го барањето испратено од македонските власти со кое се бара билатерална средба.
Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов доби нов притвор
Обвинитеството отвори нова истрага против која сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во која изгореа 64 млади луѓе, Дејан Јованов Деко, со која тој и натаму ќе остане во притвор.
Македонија ќе испрати дипломатска нота до Софија за билатерална средба – најави премиерот по средбата со Фон дер Лајен
Од претседателката добив совет, веќе следната недела , да побараме од Софија средба на билатерална основа, изјави премиерот Мицкоски.


