Сем Елиот повторно се појавува на малите екрани по 2021 кога за последен пат играше во серијата 1883-та. Тој го игра таткото на Били Боб Торнтон во Лендмен, кој го игра фиксерот Томи Норис во бизнисот со бушење нафта во западен Тексас.
Серијата е во продукција на парамаунт плус, а креатор на серијата е Тејлор Шериден кој неодамна го напушти Парамаунт. Шериден рече дека се надевал дека Лендмен ќе биде успешна серија, но дека никој не очекувал толку голем успех.
Сем Елиот изјави дека играњето во Лендмен за него е многу емотивно, особено затоа што покрај него е неговиот добар пријател Били Боб Торнтон. Лендмен е најуспешната сеија на студиото Парамаунт плус во историјата.
Слични новости
Гиљермо дел Торо добитник на наградата на Британскиот филмски институт
Наградата BFI Fellowship, претхдно ја добија славните режисери Орсон Велс, Мартин Скорцесе и Акира Куросава.
„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари
„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.
50 години од легендарната песна „Боемска рапсодија“ на Квин
Пред точно половина век, есента во 1975 британската рок група „Queen“ го објави својот четврти студиски албум A night at the Opera, a шестминутната необична композиција „Bohemian rhapsody“ беше избрана за водечки сингл на албумот.


