Операцијата за ослободување на заложниците започна во понеделникот наутро како дел од договорот постигнат од мировните медијатори со Израел и Хамас минатата седмица, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштението на Црвениот крст.

Возилата на Црвениот крст пристигнаа на договорените локации кратко пред договореното време за ослободување на заложниците.

„Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) започна повеќефазна операција за олеснување на ослободувањето и трансферот на заложниците и притворените лица како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас“, објави организацијата.

Палестинската милитантна група Хамас во понеделникот ги објави имињата на 20 израелски заложници чие ослободување беше договорено како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот со Израел.

Според израелските тврдења, од 48-те заложници што сè уште се во Газа, само 20 се живи.

Израелската војска објави дека не очекува Хамас во договорениот 72-часовен период да ги предаде телата на сите 28 заложници што починаа.

Според договорот, Израел ќе ослободи речиси 2.000 палестински затвореници, вклучувајќи до 250 кои отслужуваат доживотна казна затвор, во замена за последните заложници.

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Израел, каде што ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ќе се обрати пред парламентот во текот на денот.

Трамп ќе се сретне и со некои од семејствата на заложниците.

Потоа Трамп ќе отпатува за Египет, каде што челниците од повеќе од 20 земји, вклучувајќи го францускиот Емануел Макрон и британскиот Кир Стармер, ќе се приклучат на самитот за иднината на Газа.

Хамас повеќе нема да владее со Газа.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе