Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предложен од пратеници од власта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, предложен од опозицијата. И двата закона треба да се носат по скратена постапка.

Со  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата поднесен од од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, се предлага минималната плата во државава да изнесува 600 евра.

Како што образложи вчера пратеничката Јована Тренчевска, овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците.

Слични новости

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија. Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.