Бунтот на студентите стана дел од поширок контекст. И додека Вучиќ во петокот одржа контрамитинг на своите приврзаници во Јагодина, бунтот на студентите се прошири и врз средните училишта, земјоделците, адвокатите и другите професии.

Претседателката на парламентот Ана Брнабиќ им се закани на студентите кои два месеци држат под блокада 60 факултети во сите четири универзитетски градови во Србија дека доколку не го исполнат условот за упис во идната година ќе ги загубат стипендиите и местата во студентските домови.

Студентите и одговорија дека не се плашат од никакви финански закани и уцени од исплашената и расклимана влада која од највисокото место доби налог да ги употреби сте механизми и да ја деблокира работата на факултетите во протестот кој одамна се прели надвор од факултетските згради и зафати многу делови од српското општество.

Дека режимот тргна во противофанзива пред се против протестите на студентите и професорите, беше јасно кога по ѕидовите на факултетите ја исцрта својата порака. Наместо црвената шака, која стана симбол на отпорот уште од први ноември, се појави црвена тупаница со испружен среден прст.

Некогаш нарекувана фикус кој успеа да стигне и до премиерската функција, а потоа и до претседател на Парламентот, Ана Брнабиќ денеска стана едно од најубиствените оружја на нејзиниот шеф Вучиќ во вербалната војна против неистомислениците. Овој пат, студентите.

Таа им се закани на повеќе од 100 000 студенти дека ќе го загубат правото на студирање на буџетот – значи на најдобрите студенти, а повеќе од 17 000 од нив и правото на студентски дом. 

Таа им се закани и на родителите на студентите дека ќе бидат изложени на дополнителни трошоци, долгови и пропуштени животни прилики поради блокадите „кои ги воведоа некакви пленуми“.

Што се однесува до студентите, тие хорски и порачаа на Брнабиќ и на сите луѓе на режимот дека во моментов не размислуваат за евентуалните последици и дека ги интересира само она за што се борат -правдата. Потсетија на фактот дека и студентите во протестите 1996/1997 го загубија зимскиот семестар, па ги завршија факултетите. Тие рекоа дека заканите ги доживуваат како пукање од празна пушка, затоа што власта сега е најслаба и ги губи конците во рацете.

Заканите од Собранието се препознаваат како уште еден во низата од обидите на власта да ги поколебаат студентите и да ја задушат блокадата. Самите студенти велат дека им се јавиле граѓани кои нудат пари за плаќање на кирии и на режиски трошоци за струја и вода, за да истраат во својата намера.

Навистина е срамно постојано да се заканувате, наместо барањата да се исполнат а институциите да продолжат да ја работат својата работа. Режимската самоодбрана и самозалажување дека наводно сите барања биле исполнети, очигледно не држат вода, а студентите не се заплашени, туку згрозени од ваквото однесување на властите.

Бунтот на студентите стана дел од поширок контекст. И додека Вучиќ во петокот одржа контрамитинг на своите приврзаници во Јагодина, бунтот на студентите се прошири и врз средните училишта, земјоделците, адвокатите и другите професии.

Професорот на филозофскиот факултет во Белград Александар Бауцал рече дека власта ненамерно напарави една суштински важна и добра работа за образованите, иако тоа го направи на погрешен и грд начин.

Успеа да ги поврзе наставниците, учениците и родителите на човечко ниво во одбрана на своите училишта и своето достонство од заробената и злоупотребена држава. Наместо промените да се случеа со поддршка на власта, тие се случија наспротив нив.  

Горан Мишиќ, новинар

 

Слични новости

Европа не е играчка на Трамп

Европа не е играчка на Трамп

Клучот на секоја европска стратегија би требало да почива на сознанието дека парадоскално, 20 јануари не беше само почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп, туку и врвот на неговото глобално влијание. Потоа, неговиот пат ќе оди само надолу.

Исклучете ги алгоритмите

Исклучете ги алгоритмите

Ова е криза. Либералната демократија ќе биде распарчена доколку Урсула фон дер Лајен не преземе нешто брзо. Американските и кинеските технолошки олигарси ги контролираат алгоритмите кои го обликуваат начинот на кој Европејците го гледаат светот на социјалните мрежи.

Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето

Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето

Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек