На 11 март се очекува да се одржи собраниската седница на која на дневен ред ќе бидат интерпелациите за петмината членови на Судскиот совет.
За ова, меѓу другото било разговарано на денешната понеделничка редовна средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи. На собраниската вебстраница седницата сè уште не е закажана.

Интерпелациите ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници. Се однесуваат на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието и тоа на Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и на Селим Адеми.
Претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг во петокот рече дека петмината членови на Советот доставиле свои одговори на наводите во интерпелациите.
Изгласаните интерпелации нема да значат и смена на членовите на Советот, но ќе бидат силен знак да поднесат оставки.
Слични новости
Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени
Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар
Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ
Синоќа мирен марш низ штипските улици за загинатите во трагедијата во Кочани
Во Штип во саботата вечерта во тишина, без говори и со пораката „Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ се собраа младите на Градскиот плоштад „Слобода“, изразувајќи го својот револт за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани