На 11 март се очекува да се одржи собраниската седница на која на дневен ред ќе бидат интерпелациите за петмината членови на Судскиот совет.
За ова, меѓу другото било разговарано на денешната понеделничка редовна средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи. На собраниската вебстраница седницата сè уште не е закажана.

Интерпелациите ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници. Се однесуваат на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието и тоа на Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и на Селим Адеми.
Претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг во петокот рече дека петмината членови на Советот доставиле свои одговори на наводите во интерпелациите.
Изгласаните интерпелации нема да значат и смена на членовите на Советот, но ќе бидат силен знак да поднесат оставки.
Слични новости
Погребани жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево.
Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани
Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост.
Подобрена состојбата на еден пациент на ВМА во Белград, тешка кај останатите
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.