Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денес, остварија посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде се реализира заедничка обука на припадниците на Армијата и Вооружените сили на Обединетото Кралство.

Обуката е дел од 10-месечниот план за развој на интероперабилноста на армиската декларирана единица. Во последните пет години, 10 специјализирани тима за краткорочна обука од Обединетото Кралство, со вкупно 40 обучувачи, изведуваа обука во областа на урбаното војување, извидничките операции и радиокомуникациите.

Обуката, која се реализира во моментов, ќе овозможи правилна употреба на врските и зголемена ефикасност во користењето на тактиките и процедурите на армиите на сојузничките земји. Припадниците на лесните извидувачки единици од 2.пешадиски баталјон, кои се дел од оваа обука, воедно ќе бидат оспособени да ги пренесат стекнатите знаења и вештини во своите матични единици.

Пред показната вежба, во штипската касарна, беше реализирана и презентација на мисијата, задачите и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, тактичко-технички збор на новопримената опрема, возила и вооружување, како дел од процесот на модернизација и опремување на Армијата.

globe

Слични новости

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот