Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денес, остварија посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде се реализира заедничка обука на припадниците на Армијата и Вооружените сили на Обединетото Кралство.
Обуката е дел од 10-месечниот план за развој на интероперабилноста на армиската декларирана единица. Во последните пет години, 10 специјализирани тима за краткорочна обука од Обединетото Кралство, со вкупно 40 обучувачи, изведуваа обука во областа на урбаното војување, извидничките операции и радиокомуникациите.

Обуката, која се реализира во моментов, ќе овозможи правилна употреба на врските и зголемена ефикасност во користењето на тактиките и процедурите на армиите на сојузничките земји. Припадниците на лесните извидувачки единици од 2.пешадиски баталјон, кои се дел од оваа обука, воедно ќе бидат оспособени да ги пренесат стекнатите знаења и вештини во своите матични единици.
Пред показната вежба, во штипската касарна, беше реализирана и презентација на мисијата, задачите и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, тактичко-технички збор на новопримената опрема, возила и вооружување, како дел од процесот на модернизација и опремување на Армијата.
Слични новости
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнати се вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани.
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна – порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи.
Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки
Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни