Американскиот претседател Доналд Трамп се консултирал со своите советници дали министерот за одрана Пит Хегсет би требало да остане на својата функција секретар за одбрана, по убедливиот пораз на Републиканците на изборите за Конгресот.
Како можна замена за Пи Хегсет се спомнува републиканскиот гувернер од Флорида Рон Десантис, иако засега не е сигурно дека Трамп донел одлука да го смени Хегсет.
Демократите и пред изборите за КОнгресот одржани на 3-ти ноември веќе се обидуваа да го сменат Хегсет. Дел од вината за изборниот пораз на Републиканците е слабиот резултат на војната со Иран, која граѓаните ја доживејаа како непотребна и која им ги зголеми трошоците за живот.
Слични новости
Епидемијата на ебола најтешка во историјата на Конго
Според најновиот извештај на институтот за јавно здравје, во земјата се регистрирани 8.067 случаи на ебола од која досега починаа 3,901 лице, пренесе Ројтерс.
Иран и ги изнесе условите на Америка за отварање на Ормутскиот теснец
Како што пренесува Ројтерс, условите вклучуваат итно укинување на поморската блокада, одмрзнување на иранските финансиски средства и окончување на воените дејства на сите фронтови.
Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс
Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.


