Денеска во судот завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста.

Случајот се однесува на настани кои, според обвинението, кулминирале со трагичен исход.

На претходното рочиште Јовановски даде исказ во кој ги негираше дел од наводите и тврдеше дека односите со сопругата се влошиле по 2022 година, наведувајќи и конфликти со друго лице.

Обвинителството, пак, оцени дека неговиот исказ е обид за префрлање на одговорноста, повикувајќи се на материјални докази и вештачења кои укажуваат на насилство и повреди.

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.