Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес стои во Завршната декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан, со која се потврдува дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија.

Декларацијата истакнува дека забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес и дека напредокот на земјите од регионот треба да се базира на кредибилни реформи и индивидуални заслуги. Потенцирано е значењето на помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи, со посебен акцент на спроведувањето на меѓународните договори, како Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија.

Во декларацијата се нагласува потребата од решителни напори за решавање на билатералните спорови и стабилизација на регионот, како и важноста на владеењето на правото, основните права и борбата против корупцијата.

ЕУ ги поздравува напорите на партнерите од Западниот Балкан за економски раст и интеграција, како и зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната, особено во контекст на глобалните геополитички промени и агресијата на Русија против Украина. Документот исто така ги поттикнува земјите на Западниот Балкан да продолжат со спроведување на реформите, со цел приближување кон ЕУ и подобрување на регионалната стабилност и економска интеграција.

globe

Слични новости