Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес стои во Завршната декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан, со која се потврдува дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија.
Декларацијата истакнува дека забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес и дека напредокот на земјите од регионот треба да се базира на кредибилни реформи и индивидуални заслуги. Потенцирано е значењето на помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи, со посебен акцент на спроведувањето на меѓународните договори, како Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија.
Во декларацијата се нагласува потребата од решителни напори за решавање на билатералните спорови и стабилизација на регионот, како и важноста на владеењето на правото, основните права и борбата против корупцијата.
ЕУ ги поздравува напорите на партнерите од Западниот Балкан за економски раст и интеграција, како и зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната, особено во контекст на глобалните геополитички промени и агресијата на Русија против Украина. Документот исто така ги поттикнува земјите на Западниот Балкан да продолжат со спроведување на реформите, со цел приближување кон ЕУ и подобрување на регионалната стабилност и економска интеграција.
Слични новости
НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.
Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.
МВР распиша потерница за Груби и Бајрами
Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.
Борисов: Се изгуби многу време за Северна Македонија
Досега преговорите се одвиваат добро. A колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за влада