
Римејкот на „Војната на розите“ во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман е завршен и неговата премиера е закажана за 29 август, соопшти студиото Срчлајт пикчерс.
Режисер на филмот е Џеј Роуч, според сценариото на Тони МекНамара, омилениот сценарист на Јоргос Лантимос кој ги напиша сценаријата за „Бедни суштества“ кој освои четири Оскари и „Фаворитката“за кој Оливија Колман го доби Оскарот за главна женска улога.
Сценариото е базирано на книгата на на Ворен Адлер од 1981, според која беше снимена црната комедија „Војна на розите“ со Мајкл Даглас, Кетлин Тарнер и Дени ДеВито.
Слични новости
Венеција вели дека се шират „лажни вести“ за свадбата на Безос
Еден од најбогатите луѓе на планетата и основач на Amazon и неговата вереница новинарката Лорен Санчез кон крајот на јуни би требало да се венчаат во Венеција
Откриена гробница на непознат египетски фараон
Египетски археолози и истражувачи на музејот при Универзитетот Пенсилванија го објавија откривањето на гробницата на длабочина од седум метри под површината на земјата, во древната некропола на планината Анубис
Италијански градоначалник ги отстрани кафематите во канцелариите
Иако уживањето на кафето во Италија е на ниво на национална светост и гордост, градоначалникот на еден мал град близу Венеција ги забрани сите уреди за топли пијалаци во општинските канцеларии