Римејкот на „Војната на розите“ во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман е завршен и неговата премиера е закажана за 29 август, соопшти студиото Срчлајт пикчерс.

Режисер на филмот е Џеј Роуч, според сценариото на Тони МекНамара, омилениот сценарист на Јоргос Лантимос кој ги напиша сценаријата за „Бедни суштества“ кој освои четири Оскари и „Фаворитката“за кој Оливија Колман го доби Оскарот за главна женска улога.

Сценариото е базирано на книгата на на Ворен Адлер од 1981, според која беше снимена црната комедија „Војна на розите“ со Мајкл Даглас, Кетлин Тарнер и Дени ДеВито.

 

Слични новости

Играч на лотарија освои џекпот од 250 милиони евра

Играч на лотарија освои џекпот од 250 милиони евра

Човек од Австрија во рамките на лотаријата „Еуро милионс“ освои 250 милиони евра. Како што објави лотаријата на Австрија, играчот е добитник на тикет со влог од десет евра, а на тикетот ги погодил сите седум броеви.

Американските писатели ја тужеа Мета поради кршење на законот за авторски права

Американските писатели ја тужеа Мета поради кршење на законот за авторски права

Мета е обвинета дека ги прекрши зајконите за авторски права користејќи го ЛигБен кој рабти анонимно, а кој содржи милиони пиратски примероци на книги, написи во чаосписи и други материјали за развој на нејзината вештачка интелигенција, пренесе Скај њуз.

Промоција на серијата Мобленд на Гај Ричи во Лондон

Промоција на серијата Мобленд на Гај Ричи во Лондон

Во четвртокот вечер во Лондон беше одржана гала промоција на бел килим на прочуениот Лестер сквер на новата серија на парамаунт „Мобленд“ на познатиот англиски режисер Гај Ричи. На премиерата се појави целиот каст на серијата предводен од Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен