Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.
Блокадата на мостот Варадински, на Мостот на слободата и на мостот Жежељски започна во 15 часот. Варадинските и Жежељските мостови беа блокирани три часа, до 18 часот, додека Мостот на слободата ќе биде блокиран 24 часа.
Стотици илјади луѓе, на протестите предизвикани од смртта на 15 лица при уривање на настрешница, излегоа на улиците низ земјата од ноември минатата година.
Студентите блокираа повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите, почитување на Уставот и законите, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.
Студентите од Нови Сад три часа ги блокираа сите три моста во градот, по што толпата се упати кон Мостот на слободата, кој ќе биде блокиран 24 часа.
Српските власти порачаа дека несреќеи секаде се случуваат, но дека никој не може да ја преземе власта без да победи на избори.
Слични новости
Вучиќ помилува 13 лица, меѓу кои шест студенти, декан, доцент, директори на училишта
Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата помилува 13 лица, меѓу кои шест студенти, кои со тоа беа ослободени од кривично гонење
БиХ: Судењето на Додик продолжува по двомесечна пауза, тој повторно се жали
Судењето на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, продолжи во средата во Судот на Босна и Херцеговина по речиси два месеца пауза, а судијката Сена Узуновиќ го одби неговото барање за почеток на процесот одново бидејќи претходното рочиште се одржа на 5-ти декември минатата година
Грција ѝ порача на Франција дека се противи на продажбата проектили на Турција
Противењето на Грција за продажбата на проектили Метеор на Турција од конзорциум во кој учествува и Франција, го изразил грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас до француската амбасадорка во земјата Лоренс Оер,