Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.
Блокадата на мостот Варадински, на Мостот на слободата и на мостот Жежељски започна во 15 часот. Варадинските и Жежељските мостови беа блокирани три часа, до 18 часот, додека Мостот на слободата ќе биде блокиран 24 часа.
Стотици илјади луѓе, на протестите предизвикани од смртта на 15 лица при уривање на настрешница, излегоа на улиците низ земјата од ноември минатата година.
Студентите блокираа повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите, почитување на Уставот и законите, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.
Студентите од Нови Сад три часа ги блокираа сите три моста во градот, по што толпата се упати кон Мостот на слободата, кој ќе биде блокиран 24 часа.
Српските власти порачаа дека несреќеи секаде се случуваат, но дека никој не може да ја преземе власта без да победи на избори.
Слични новости
Во САД конструиран првиот борбен авион Ф16 Блок 70 за Бугарија
Првите два американски борбени авиони Ф 16 од вкупно 16-те колку што ги нарача Бугарија, би требало да пристигнат во Бугарија во април годинава, а другите до крајот на 2027.
Успешен бојкотот на маркетите во Црна Гора
Вчерашниот бојот на супермаркетите во Црна Гора беше многу успешен, а во супермаркетите во Подгорица вчера речиси и да немаше купувачи, објавуваат...
Италијанскиот суд повторно ја блокираше одлуката на Мелони за приведување мигранти во Албанија
Судот во Рим денеска повторно нареди групата мигранти која е притворена во камповите во Албанија да биде преместена во Италија, наведуваат судски извори, што е најнов удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција по морски пат.