Активноста на приватниот сектор во Германија го забрза растот во септември со опоравување на услужниот сектор и продолжување на солидниот раст на производството во индустријата, покажаа резултатите на агенцијата С&П Глобал.

Композитниот индекс на набавки што ги опфаќа индустријата и услугите порасна од 51,8 поени во август, на 53, 8 поени во септември, достигнувајќи го највисокото ниво од октомри минатата година.

Вредноста над 50 поени означува експанзија односно раст на активностите, а вредностите под 50 означуваат пад на активностите.

Активноста на секторот на услугите во август надмина 50 поени, со што по пет месеци надолна линија, секторот се врати во еспанзија.

 

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно