Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП Национални шуми, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.
Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, а ќе трае од 1 до 30 септември.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.
Од ЈП Национални шуми укажуваат дека за движење низ парк шумите (на пр: Водно) и националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со овие територии.
Слични новости
Здравјето на граѓаните во ризик поради пожарите – Препораки од ИЈЗ за заштита од чадот
Пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје – предупреди претпладнево Институтот за јавно здравје, од каде посочуваат дека покрај директните последици од огнот, изложеноста на чад може да влијае врз здравјето и на населението кое живее далеку од опожарените подрачја.
За првпат се регистрирани случаи на западно-нилска треска во Центар и Чаир – инфициран и мртов гавран
Според и нформациите од Министерството за здравство во земјата во моментов има 43 случаи на заразено со вирусот Западен Нил, од кои 40 се потврдени, а три се уште се проверуваат.
Во Македонија пет пожари активни, 31 се изгаснати
Најкритична и натаму е состојбата во Мариово, каде што активен е пожарот кај селото Чаниште, на повеќе краци.Огнот зафаќа простор од село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, како и крак кон Црна Река и крак кон селото Орле, на територијата на Општина Новаци


