Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП Национални шуми, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.

Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, а ќе трае од 1 до 30 септември.

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.

Од ЈП Национални шуми укажуваат дека за движење низ парк шумите (на пр: Водно) и националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со овие територии.

 

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.