Реал Мадрид во недела официјално ќе го претстави Жозе Мурињо како нов тренер на клубот. Во меѓувремеРеал Мадрид веќе и плати обештетување на Бенфика за доведувањето на Мурињо и ги договори сите детали за да седне на клупата на Реал „специјалниот“.

Мурињо побарал од Флорентино Перез да го врати на позицијата негов прв асистент Аитон Каранка, кој му беше асистент додека Мурињо го водеше Реал.

Каранка во меѓувреме направи самостојна тренерска кариера и ги водеше Мидлсборо, Нотингем Форест, Бирмингем и Гранада.

Мурињо побарал и тимот да го купи играчот за врска Мортен Хјулманд од Спортинг Лисабон чија цена трансфермаркет ја проценува на 50 милиони евра.

Слични новости

Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа

Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Астон Вила ја освоија Лига Европа, откако синоќа во финалето во Истанбул убедливо го совладаа Фрајбург со резултат 3:0. Разликата во квалитет беше огромна и Фрајбург практично не се ни закани по голот на Астон Вила, која можеше да победи и поубедливо.