Жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса не смеат да ја користат водата од локалните водоснабдителни објекти за пиење, поради утврдена микробиолошка неисправност.

Од општина Струмица информираат дека забраната останува во сила се до ново известување за исправноста на водата.

Мерката следува по вонреден инспекциски надзор спроведен од Агенцијата за храна и ветеринарство. При контролата било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и присуство на бактерии кои се индикатори на фекално загадување.

 Водата не смее да се користи ниту како вода за пиење, ниту како суровина, а не е дозволена ни вода што доаѓа во контакт со храна во објекти каде што се подготвува или продава храна.

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи