Жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса не смеат да ја користат водата од локалните водоснабдителни објекти за пиење, поради утврдена микробиолошка неисправност.
Од општина Струмица информираат дека забраната останува во сила се до ново известување за исправноста на водата.
Мерката следува по вонреден инспекциски надзор спроведен од Агенцијата за храна и ветеринарство. При контролата било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и присуство на бактерии кои се индикатори на фекално загадување.
Водата не смее да се користи ниту како вода за пиење, ниту како суровина, а не е дозволена ни вода што доаѓа во контакт со храна во објекти каде што се подготвува или продава храна.
Слични новости
СДСМ објави дека Мицкоски склучил бизнис зделка од 100.000 евра со водата во Гостивар
Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.
СДСМ: „Не можете луѓето во Гостивар да ги убедите дека не сте виновни“
Според СДСМ, целокупната одговорност за состојбата ја имаат институциите и власта предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Најавен нов топлотен бран во Европа со температури над 45 степени
Метеоролозите предупредуваат дека над голем дел од Европа ќе се формира таканаречена „топлотна купола“, атмосферски феномен што го задржува жешкиот воздух над истото подрачје со денови, што дополнително ги зголемува температурите.


