Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот објави дека работела со загуба и во 2024 година, истакнувајќи ги „значајните“ нето расходи за камати и исцрпените резерви за финансиски ризик.

Загубата на ЕЦБ минатата година изнесуваше околу 7,94 милијарди евра. Во 2023 година овој показател беше само малку понизок, но банката го намали на 1,27 милијарди евра, целосно исцрпувајќи ги резервациите за финансиски ризик.

ЕЦБ работеше со загуба и во 2022 година, од 1,6 милијарди евра, но ја покри со резервации, па конечниот резултат беше „позитивна нула“.

Во 2024 година, главната причина за загубата беа „значајните“ нето трошоци за камати, се вели во соопштението објавено во четвртокот. Каматните расходи ги надминаа приходите од камати за приближно седум милијарди евра. Во 2023 година разликата беше 7,2 милијарди евра.

Каматниот ризик што произлегува од јазот меѓу приходите од камати на средствата и каматните расходи за обврските беше ублажен во 2024 година, бидејќи намаленото портфолио на капитал беше формирано од политиката на стимулирање на економскиот раст и цените пред 2021 година и поддршката за време на пандемиската криза.

ЕЦБ, исто така, објави значително поголем отпис на средствата во 2024 година, во износ од 269 милиони евра, главно поради падот на пазарната вредност на делот од хартиите од вредност во портфолиото на банката деноминирани во американски долари и депрецијацијата на јапонскиот јен. Во 2023 година отпишаа само 38 милиони евра.

Посочија дека во наредните години би можеле да работат со загуба, но тие да бидат помали. Загубите се резултат на „неопходните одлуки за монетарната политика“, забележуваат тие, нагласувајќи повторно дека тие можат да продолжат да работат ефикасно и да гарантираат стабилност на цените во еврозоната.

Од средината на минатата година, ЕЦБ ги намали каматните стапки во еврозоната за 2,5 процентни поени за да ја стимулира побарувачката задржана од високите трошоци за задолжување кои требаше да ја ограничат инфлацијата.

globe

Слични новости

Доларот слабее, цената на нафтата паѓа

Доларот слабее, цената на нафтата паѓа

На валутните пазари, во претпладневното тргување во петокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на близу најниското ниво оваа година

Пад на Волстрит од рекордно високото ниво

Пад на Волстрит од рекордно високото ниво

На Волстрит, индексот S&P 500 падна од рекордното високо ниво во четвртокот, бидејќи неизвесноста околу царините и слабата перспектива за активносите на „Walmart“ ги натера инвеститорите да бидат претпазливи