Челниците на Европската унија во петокот одлучија да се задолжуваат за да ја финансираат одбраната на Украина од Русија во следните две години, наместо да користат замрзнати руски средства, избегнувајќи ги поделбите околу планот за финансирање на Киев.
„Денеска ја одобривме одлуката за обезбедување 90 милијарди евра за Украина. Итно ќе обезбедиме заем поддржан од буџетот на Европската унија“, изјави претседателот на самитот на ЕУ, Антонио Кошта, на прес-конференција рано наутро во петокот по неколкучасовните разговори меѓу челнциците во Брисел.
Челнциите, исто така, ѝ дадоа на Европската комисија мандат да продолжи да работи на таканаречениот „репаративен заем“ врз основа на замрзнатите средства на Русија, но таа опција досега се покажа како неизводлива, првенствено поради отпорот од Белгија, каде што се наоѓаат најголемиот дел од средствата.
Идејата за задолжување од ЕУ првично изгледаше неизводлива бидејќи бара едногласност, а унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е пријателски настроен кон Русија, се спротивстави на неа. Но, Унгарија, Словачка и Чешка се согласија со планот сè додека не ги засегне финансиски нив.
Челниците на ЕУ изјавија дека руските средства во ЕУ, во вкупен износ од 210 милијарди евра, ќе останат замрзнати сè додека Москва не ѝ плати воени репарации на Украина. Доколку Москва некогаш го стори тоа, Украина би можела да ги искористи тогаш своите вие пари за да го врати кредитот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Европскиот совет за одлуката.
„Ова е значајна поддршка што навистина ја зајакнува нашата отпорност“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм. „Важно е руските средства да останат замрзнати и Украина да добие гаранција за финансиска безбедност за наредните години“, рече украинскиот претседател.
„Ова е добра вест за Украина и лоша вест за Русија, а тоа беше нашата намера“, убедуваше во својата изјава германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Влоговите за Киев да ги најде парите беа високи бидејќи без финансиска помош од ЕУ, Украина ќе остане без пари во вториот квартал од следната година и најверојатно дефинитивно ќе ја изгуби војната од Русија. Тоа, како што стравуваат некои во ЕУ без реални докази за тоа, би можело да ја направи заканата од „руска агресија против Европа пореална“.
Одлуката дојде по часови дискусии меѓу челнциите на членките и на ЕУ за техничките детали на во историјата без преседан заем базиран на замрзнати руски средства, што се покажа како премногу сложено или политички тешко за решавање во оваа фаза.
Главната тешкотија беше да се обезбеди Белгија, дом на 185 милијарди евра вкупни руски средства во Европа, со доволни гаранции против финансиските и правните ризици од потенцијална руска правна битка за исплатата на парите на Украина бидејќи тоа е спротивно на меѓународното право.
„Имаше толку многу прашања во врска со Заемот за репарација што моравме да се одлучиме за План Б. Рационалноста преовлада. ЕУ избегна хаос и поделби и остана обединета“, рече белгискиот премиер Барт де Вевер на прес-конференција.
Јавните финансии низ ЕУ веќе се оптоварени со високи нивоа на долг, поради што Европската комисија предложи користење на руски средства за позајмување на Киев, или, доколку тоа не успее, заедничко задолжување со база во буџетот на ЕУ.
Со усвојувањето на втората опција, Орбан прогласи дипломатска победа. „Орбан го доби она што го сакаше: без заем за репарација. И акција без Унгарија, Чешка и Словачка“, рече дипломат од ЕУ за Reuters.
Неколку челници на ЕУ кои пристигнаа на самитот рекоа дека е од суштинско значење да се најде решение за да ѝ се помогне на Украина да се финансира и да се бори во следните две години. Тие, исто така, сакаа да ја покажат силата и решителноста на европските земји откако американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече „слаби“ минатата седмица.
„Едноставно не можеме да си дозволиме неуспех“, рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Слични новости
Москва за одлуката на ЕУ за финансирање на Украина: „Правото и здравиот разум преовладаа“
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина во ноќта од четврток кон петок
Трамп не ја исклучува војната со Венецуела, според NBC
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за телевизијата NBC објавено во петокот
Путин не покажува знаци за компромис за Украина на годишната прес-конференција
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека условите на Русија за завршување на војната во Украина остануваат непроменети од оние поставени во јуни 2024 година, недавајќи никаков знак за компромис додека Вашингтон се обидува да преговара за крај на конфликтот


