Европската Унија предложи ублажувања на правилата за еимисии на издувните гасови за новите возила, со што се откажа од планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035.
Одлуката на Еу уследува по силниот притисок на автомобилската индустрија.
Според предлогот на Европската комисија на производителите ќе им биде овозможено да го успорат темпото за премин на електрични возила, додека правилата кои првобитно од 2035 година забрануваа продажба на нови бензиски и дизел мотори ќе бидат редуцирани.
Наместо целосна забрана, целта ќе биде намалување на издувните гасови до 90 проценти, пренесува Блумберг.
Овој преврт ја приближува европската политика на пристапот на САД каде што претседтелот Доналд Трамп ги укинува стандардите на енергетската ефикансост што ги уведе претходната администрација на Џо Бајден.
Слични новости
Смарт телефоните би можеле да поскапат за 7 насто во 2026 поради недостиг на чипови
Прогнозата е значително променета во однос на претходните проекции кои најавуваа раст на цените на смарт телефоните за 3,6 насто, пренесува телевизијата Си Ен Би Си.
Очекувањето на инвеститорите за економската ситуација во Германија подобрени
Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата за иднината на германската економија се значително подобрени и изнесуваат 45,8 поени, што е за 7,3 поени повеќе отколку во минатиот месец.
Доларот благо ослабе, цените на нафтата паднаа
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна во раното претпладневно тргување во вторникот, втор ден по ред


